Директорот на Интер предлага за играчи над 25 години да не се плаќа обесштетување

Извршниот директор на Интер, Џузепе Марота, предложи револуционерна реформа во начинот на плаќање отштета при трансферите во фудбалот. Според него, најдобро би било за играчите на возраст над 25 години, да не се плаќа отштета.

Шефот на „нераѕурите” смета дека фудбалот многу се има променето од моментот кога тој станал дел од него во 1977 година.

„Во 1978 година, трансферните централи беа претресувани од полицијата, се вршеа проверки, и судот се мешаше. Клубовите си ги разменуваа играчите како поштенски марки, без да им даваат право на избор. Потоа се појави правилото Босман, со кое играч на кој му истекол договор, може да си оди без да му даде цент на бившиот клуб. Сега е обратно од тоа што се случуваше пред 40 години. Ниту едната крајност не е добра. Се откажавме од концептот на играчи кои цел живот ќе играат за само еден клуб, бидејќи колку повеќе трансфери правиш, поголема е заработката. Мислам дека решение може да биде ако трансферите за играчи над 25 години, бидат 0 евра. Така би биле заштитени помалите клубови кои би развивале млади играчи” – вели 62-годишниот Марота.

- Оглас -

Најнови вести