Директорот на Мерцедес: Само ако удри астероид во планетата, Хамилтон ќе си замине од тимот

Тото Волф е сигурен дека Луси Хамилтон ќе продолжи да вози за Мерцедес Мекларен во Формула 1 и покрај тоа што двете страни не го продолжија договорот што на актуелниот светски првак му истекува на крајот од годинава.

Директорот на Мерцедес со интересна изјава ја објасни ситуацијата и ја отфрли можноста да не дојде до продолжување на соработката.

„Ако планетата ја погоди Астероид, тогаш сè е можно. Но во овој момент тоа е невозможно, а и нема причини Хамилтон да не сака да биде пилот на најдобриот болид. И ние го сакаме во нашиот тим и понатаму, па мислам дека сè е јасно“, изјави Волф.

Хамилтон вчера со победа на Големата награда на Португалија во Портимао стана апсолутен рекордер со 92 победи, една повеќе од легендарниот Михаел Шумахер, а има голема шанса со уште две победи и да се израмни со него на врвот на вечната листа со по 7 титули.

- Оглас -

Најнови вести