30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Директорот Салихамиџиќ со совет до навивачите на Баерн како да се однесуваат кон Левандовски

Навивачите на Баерн Минхен не беа баш среќни што Роберт Левандовски летоска бојкотираше тренинзи и замина за 50-тина милиони евра во Барселона.

Ждрепката за Лигата на шампионите сакаше Баерн и Барса да се најдат во иста група, па Левандовски ќе треба да игра против својот поранешен клуб, и тоа прво во Минхен.

Директорот на Баварците, Хасан Салихамиџиќ, рече дека тој лично, не би го исвиркал Полјакот кој даде 344 гола во дресот на Баерн.

„Како ќе биде дочекан? Не знам. Тој освои сè со нас, навивачите треба да го ценат тоа. Јас не би го исвиркал“ – изјави популарниот Брацо.

- Оглас -

Најнови вести