Дисциплинска постапка против бунтовниците, Анчелоти сам ќе си ја решава судбината

Наполи ќе ги казни бунтовниците кои вчера одбија да се вратат во клупскиот тренинг-камп по ремито со Салцбург. Иако тимот по наредба на претседателот Де Лаурентис требаше да престојува во тренинг-кампот сè до обврските за идниот викенд во Серија А, фудбалерите се вратија во своите домови, додека тренерот Карло Анчелоти одби да се појави на прес-конференцијата, па се очекува казна за Наполи од страна на УЕФА за непочитување на правилата.

Што се однесува за фудбалерите, Наполи преку официјално соопштение посочи дека ќе се погрене дисциплинска постапка пртив нив поради непочитување на наредбите од раководството. И самиот Анчелоти ја поддржа одлуката на неговите играчи, а што се однесува за неговата позиција во клуб, дали ќе остане или ќе поднесе оставка, во соопштението пишува дека трофејниот стратег сам ќе си одлучува што понатаму.

Утринава се појави шпекулација дека Анчелоти би можел предвреме да ја заврши соработката со Наполитанците и да ја преземе Бока јуниорс, но таа опција засега е далеку од остварлива.

- Оглас -

Најнови вести