Доаѓа викенд, време е за играње Спортска прогноза

Сабота, 15.00 часот, кога стартува дуелот Емполи – Торино, е последниот термин до кој може да се вклучите со ваши типови во 16-тото коло на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Типување е во тек, а според досегашните проценти, од основните 13 двојки, главни фаворити на прогнозерите се Блекбурн, Ливерпул и Лацио. Двата резервни пара се бројат за генерален пласман, а некогаш се уфрлаат и во 13-ката ако има непредвидена ситуација и се одложи или се прекине некој меч од основната понуда.

Сè што ви треба за да бидете дел од Спортска прогноза е да имате СЛ картичка од Sport Life. И таа е бесплатна и лесно и многу брзо можете да ја добиете на сите шалтери на обложувалницата.

Ако погодите Тринаесетка, имате можност и сами да си одберете подарок, меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, X Box Series X.

 

- Оглас -

Најнови вести