Доба е на милионери во Sport Life – Резултати како по ноти носат огромни добивки со големи квоти

Резултати во Лигата на шампионите како по ноти носат огромни добивки со големи квоти, а нов милионер има во Sport Life со тикет на уплатното место кај Млечен ресторан во скопската населба Капиштец.

Со одличен влог од 2.600 денари одиграни се само четири натпревари со иста и добитна комбинација од конечен исход и голови, а вкупниот коефициент е 397.74.

Стартот беше како што посакувал среќниот добитник на ЕДЕН МИЛИОН ДЕНАРИ и типот 2&3+ на мечот меѓу Шахтар и Борусија Менхенгладбах беше сигурен уште по првото полувреме.

Германците и буквално го згазија украинскиот тим со предност на полувремето од 0:4 и конечна победа од 0:6 во Киев.

ШАМПИОНИТЕ ГАЗЕА ЗА ШАМПИОНСКА ДОБИВКА 

И прекланскиот шампион на Лигата на Европа, Ливерпул, имаше неочекувано лесна задача и ја декласира Аталанта со 0:5 во Бергамо, па и втората одиграна комбинација 2&5+ е експресно заокружена на добитниот тикет.

Истата комбинација е одиграна и на дуелот меѓу Салцбург и Баерн Минхен, а актуелниот европски првак додаде гас во последните 15-тина минути на „Ред Бул арената“ и од 2:2, со четири гола стигна до убедлив триумф од 2:6.

Најмногу мака и нервоза сопственикот на одлично одиграниот тикет за милион денари имаше на дербито меѓу Реал Мадрид и Интер. Одигра 1&5+, а најтрофејниот европски клуб лесно прокоцка предност од 2:0 и му дозволи на Интер да израмни на 2:2.

Можеби тоа беше и клуч за добивка на новиот милионер во Sport Life, а многу радост донесе резервата на Кралскиот клуб, Родриго, со голот што се очекуваше за ќар од околу 15 илјади евра.

Родриго погоди за победа на Реал од 3:2 во 80-тата минута, резултатот не се смени до крајот на дербито во ЛШ и му донесе и огромна радост и добивка на сопственикот на уплатениот тикет во Скопје.

Само пред неколку дена, нов милионер доби и населбата Драчево, откако „доктор за обложување“ успеа со минимални 20 денари да достави тикет за 1.000.000 денари. 

- Оглас -

Најнови вести