Добар „дил“ за Лајпциг: Замената за Вернер чини „само“ 12 милиони евра

Лајпциг го официјализираше трансферот на Хи-Чан Хуанг од Ред Бул Салцбург за сума од 12 милиони евра, од кои два милиони ќе се исплатат во бонуси. Јужнокореецот потпиша петгодишен договор со Црвените бикови и ќе биде замена за Тимо Вернер, кој се пресели во Челзи, земајќи го токму неговиот број 11.

Бундеслигашот оствари одличен „дил“ со ангажманот на Хуанг, со оглед на тоа дека за Вернер добија 53 милиони евра. Од 24-годишниот напаѓач се очекува да го предводи нападот на Лајпциг следната сезона, откако се покажа во добро светло во дресот на австрискиот првак.

Хуанг одигра вкупно 40 натпревари за Салцбург изминатата сезона, во кои постигна 16 погодоци и запиша 22 асистенции. Воедно Лајпциг и Салцбург ја продолжија братската соработка, Хуанг е 18-ти играч кој од австрискиот се сели во редовите на бундеслигашкиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести