Факт е дека најдобриот ракомет во светот се игра во Европа и секогаш било така, но на годинешното Светско првенство за мажи се случува нешто што не беше видено 26 години, две неевропски селекции од две различни хемисфери се во четвртфиналето, и тоа е добро за ракометот.
За првпат од 1999 година во четвртфиналната фаза ќе има селекции од три различни континенти.
Многу силни европски тимови годинава останаа без четвртфинале, ги нема Шпанија, Норвешка, Шведска, Словенија, Исланд…, а Бразил и Египет обезбедија место во нокаут-фазата.
И во 1999 Египќаните беа четвртфиналисти, а тогаш меѓу најдобрите осум во светот влезе и Куба од неевропските тимови како состав од јужната полутопка на нашата планета.
И пред четири години во четвртфинале играа два тима кои не се од Стариот Континент, тоа беа Египет и Катар, а годинава историја испишува Бразил.