Ново паѓање на квотата за победа на македонската репрезентација на неделниот меч против Австрија во првото коло на Европското првенство во фудбал. Во обложувалниците Sport Life до пред два дена, квотата за триумф на Австрија беше 1.56, па се зголеми на 1.67, а сега е 1.70. Од друга страна, ако за победа на Македонија квотата беше 6.50, сега падна на 5.70.
Македонија првпат е на големо натпреварување во фудбал, па како што се ближи дебито в недела, така расте и оптимизмот кај фудбалските фанови, па голем е бројот на оние кои уплаќаат на победа на Црвено-жолтите.
Австрија е фаворит и така ќе остане до пред мечот, но зголемувањето на квотата за нивна победа над избраниците на Игор Ангеловски навестува дека растат очекувањата за добар старт на Македонија на ЕВРО 2020.
Sport Life понуди богата лепеза од голем број игри за Европското првенство, има огромен број игри на кои можете да се обложувате, а понудата ќе расте како што се приближува стартот на шампионатот на 11 јуни со дуелот на Италија и Турција во Рим.