Добар знак – Македонија ја победи Црна Гора во последниот тест пред ЕП

Македонија имаше добар последен тест пред настапот на Европското првенство, а вечерва во Словенија победена е Црна Гора со 25:24.

Ова беше последната проверка пред патот за Виена, каде од 10. до 14. јануари ќе одиграме три меча во фазата по групи, а ривали ќе ни бидат Украина, Чешка и Австрија.

Повторно не играше капитенот Кирил Лазаров, но сепак контролниот натпревар против Црногорците беше успешен за нас. По првиот дел ривалот имаше предност од еден гол и замина на пауза со водство од 13:12.

Во продолжението се разбрани Никола Митревски, кој имаше вкупно 14 одбрани, а Манасков и Талевски беа ефикасни со по пет гола, па на крајот Македонија славеше со 25:24.

- Оглас -

Најнови вести