Доби отказ затоа што носеше погрешна боја на тренинг

Младиот голман Егехан Хас повеќе не е член на турскиот третолигаш Ескишехир и тоа поради банална причина. Хас на социјалните мрежи постира фотографија на која тренира во вежбална во маица на Галатасарај.

„Егехан Хас е отпуштен од клубот затоа што на социјалните мрежи постира фотографија на која носеше маица на друг клуб“, стои во краткото образложение на Ескишехир.

Сега останува на Галатасарај дали ќе го цени овој потег на Хас и дали ќе му даде шанса по маицата, да го облече и дресот на турскиот гигант.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Egehan HAS (@egehan_has)

- Оглас -

Најнови вести