Дарежлива беше Вила за Светците од Саутемптон (Видео)

Саутемптон ја победи Астон Вила со 4:3 во првиот денешен меч од седмото коло во Премиерлигата, а блескаше двојниот стрелец Џејмс Вард-Проуз со два феноменални погодоци од слободен удар.

Репрезентативецот на Англија беше прецизен во 33. и во 45. минута, од различна далечина, но на идентичен начин, а голманот на домаќините Мартинес беше немоќен.

Претходно Вард-Проуз му асистираше на Вестергард за првиот погодок на мечот и најави апсолутна доминација на „Вила Парк“ во првото полувреме.

Во продолжението и Дани Ингс постигна прекрасен гол за печат на убедливата победа на гостите.

Астон Вила успеа да го ублажи поразот со погодоците на Мингс, на Воткинс од пенал и на Грилиш, но тимот од Бирмингем сега има два порази по ред, по стартните четири победи во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести