Добра вест за Новак Ѓоковиќ, судот одби барање на австралиската влада

Федералната влада на Австралија бараше дополнителни два дена за подготовка на случајот против Новак Ѓоковиќ, но судот го одби барањето кое е потпишано од министерката за внатрешни работи, и сослушувањето ќе се случи доцна вечерва, како што беше претходно планирано.

Правниот тим на Новак поднесе жалба на првичната одлука за депортација на српскиот тенисер, па ноќта помеѓу недела и понеделник, треба да се знае што ќе се случува понатаму.

Судијата Ентони Кели изјавил дека ќе се обиде да им излезе во пресрет на организаторите на Австралијан опен, кои сакаат до вторник да знаат кој ќе игра и да можат да направат распоред, но нема да брза со носењето одлука. Ова можеби и навестува дека правниот случај ќе се растегне, но ќе се донесе некакво привремено решение околу настапот на Ѓоковиќ. Ако биде депортиран, Новак нема да смее да влезе во Австралија во наредните три години.

- Оглас -

Најнови вести