Добра вест за Турците – Императорот им се излечи од Коронавирусот

Фатих Терим брзо го „прележа“ Коронавирусот со кој беше заразен пред неколку дена и новиот тест му е негативен. Со него добри вести има и за двајца членови од раководството на Галатасарај, кои исто така имаат негативни резултати на новото тестирање за Коронавирус.

На 23 март турските медиуми објавија дека тренерот на Галата, кој има интересен прекар, Императорот, е заразен со Коронавирус.

Терим е 66-годишен тренер во Турција и е меѓу најомилените спортски личности во оваа земја. Беше селектор на Турција во три наврати и тренер во Галатасарај, Анкарагучу, Ѓозтепе, но и на Милан и Фиорентина во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести