Добри вести: Паненка го победи корона-вирусот

Креаторот на атрактивното изведување пенали кое се нарекува според неговото презиме, легендарниот чешки фудбалер Антонин Паненка по седум дена е пуштен од болница откако го победи корона-вирусот.

Паненка минатата недела беше во тешка здравствена состојба, по што животот му зависеше од респоратор, но за чешките медиуми истакна дека се чувствува подобро и му олеснало по двата негативни теста за ковид-19.

Докторите му дале дозвола да си оди дома, но за неколку дена ќе мора да оди на контрола за да се потврди неговото подобрување. Инаку, Паненка во минатото боледуваше од пневмонија, поради што уште користи лекарства.

- Оглас -

Најнови вести