Напаѓачот на Реал Мадрид и француската репрезентација, Килијан Мбапе, се чувствува подобро и би можел да биде во составот на „кралевите“ за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити на 17 март, пренесуваат шпанските медиуми.
Напаѓачот го пропушти првиот натпревар, во кој Реал Мадрид победи со 3:0 против „граѓаните“, поради повреда на коленото.
Мбапе би можел да настапи и на пријателските натпревари на француската репрезентација во март. Напаѓачот наскоро ќе помине дополнителни медицински тестови во Мадрид, по што ќе се потврди неговата состојба и ќе се донесе одлука дали ќе добие дозвола за настап на претстојните натпревари.

