Добро е: Пандев, Елмас и Алиоски пристигнаа во Скопје! (Видео)

Наполи и Џенова сепак ги ослободија македонските фудбалери и им дозволија да допатуваат во Скопје, па репрезентацијата на Македонија ќе ги има на располагање Елиф Елмас и Горан Пандев.

Заканите на неколку клубови во Италија дека нема да им дозволат на своите репрезентативци да одат на интернационална пауза, сепак, за среќа, не се остварија и нашите репрезентативци кои играат во Италија веќе се со селекцијата.

Капитенот Пандев и Елмас, кој имаше проблеми со корона-вирусот пред еден месец, веќе се во Скопје и му се ставија на располагање на селекторот Ангеловски. Со нив пристигна и Езџан Алиоски од Лидс.

 

- Оглас -

Најнови вести