Добро е што останал жив: Конор Мекрегор го удрил автомобил додека возел велосипед (Видео)

Популарниот ММА борец Конор Мекрегор преживеа сообраќајна несреќа, и тоа кога додека возел велосипед, во него удрил автомобил. Мекрегор не само што остана жив, туку е и со мали повреди, иако самиот тој, ударот го опишува како многу опасен.

„Само што ме удри автомобил одзади. Сонцето го заслепило возачот и не можел да ме види. Со полна брзина, директно во мене“, вели Мекрегор на снимката која ја постави на својот нстаграм-профил.

Мекрегор се заблагодари на Господ и порача дека уште „не е дојдено неговото време“, објаснувајќи дека неговите техники за борење и џудо му помогнале при падот да не се повреди премногу иако ударот бил „опасен и можел да настрада“.

 

- Оглас -

Најнови вести