Додека дишам, не сакам Ливерпул да стане првак!

Дали носењето на дресовите на Евертон и Манчестер јунајтед кои се најголеми ривали на Ливерпул, или нешто друго е во прашање, но за американскиот легендарен голман Тим Хауард, има против тоа „црвените“ да освојат премиерлигашка титула.

„Се надевам дека Ливерпул нема да освои титула додека дишам и додека сум жив. Двата тима се во одлична форма, ситници ќе решаваат, ако никој не се лизне, Сити ќе биде првак“ – рече 40-годишниот чувар на мрежата на Колорадо рапидс.

Хауард од 2003 до 2007 беше во Јунајтед, а потоа десет сезони бранеше за Евертон за кој имаше над 400 настапи. Има и други фудбалери, како на пример Вејн Руни, кој е екс член на Евертон и Манчестер, а сега е во САД, но јавно не кажал дека е против Ливерпул, затоа и чудна е изјавата на Хауард.

 

- Оглас -

Најнови вести