Додека е повреден си нашол занимација, ама го фатија – Голем англиски талент уапсен со фалсификат возачка дозвола

Нони Мадуеке е еден од големите англиски таленти и уште еден во низата млади фудбалери од таборот на Гордиот Албион што има нескротлив дух.

Моментно, 19-годишниот фудбалер е повреден и не игра за ПСВ Ајндховен, но тоа не го спречи да направи голема глупост и да вози автомобил со лажна возачка дозвола.

Нони бил приведен од полицијата во Ајндховен, која забележала дека документот му е сомнителен и на крајот испадна и лажен и фалсификуван.

За ваков прекршок според законите во Холандија, каде игра големиот англиски талент се оди и во затвор, но Мадуеке ќе мине само со стотина часови општествено корисна работа за заедницата.

Мадуеке ги мина сите англиски селекции во младинските категории и од него многу очекуваат и Англичаните, но и во ПСВ Ајндховен, екипа што пред три години го доведе во своите редови од Тотенхем.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести