Додека е во карантин, Ноле тренира на тераса (Видео)

Најголемиот дел од врвните тенисери се во Мелбурн, но се „заглавени“ во своите соби. Тенисерите треба да поминат 14-дневен карантин, откако се појавија двајца позитивни случаи на корона-вирусот, па организаторот реши да преземе драстична мерка.

Новак Ѓоковиќ, како бранител на тронот на Отвореното првенство на Австралија, но и прв тенисер во светот според АТП-листата, беше незадоволен што мора да помине две недели во хотелската соба. Србинот побара неколку услови да му бидат исполнети за да може тенисерите да ја задржат врвната форма, но организаторите го одбија.

Токму затоа Ѓоковиќ реши да се снајде на свој начин, односно да тренира во хотелската соба, поточно на балконот.

- Оглас -

Најнови вести