Додека Јуве го чекаше Наполи, го обезбеди потписот на младата италијанска ѕвезда

Федерико Кјеза наскоро ќе биде промовиран во нов играч на Јувентус откако Старата дама се договори со Фиорентина на двегодишна позајмица со обврска да го откупи Кјеза. Позајмицата ќе го чини Јуве два милиони евра за првата и уште осум милиони евра за втората сезона. По тие две години, Јувентус ќе треба да плати уште 40 милиони евра, додека во одредени бонуси Виолетовите може да заработат дополнителни 10 милиони евра, а ова се условите:

Јувентус мора да заврши во топ 4 во Серија А, Кјеза мора да одигра барем 60 од натпреварите со најмалку 30 минути поминати на теренот. Исто така синот на италијанската легенда Енрико Кјеза во две сезони мора да оствари учинок од најмалку 10 погодоци и 10 асистенции за Фиорентина да ги добие дополнителните 10 милиони евра.

Еден од најперспективните италијански фудбалери конечно ќе заигра на „Алијанц стадионот“ во црно-белиот дрес, откако Јувентус веќе извесно време го следи неговиот напредок во Фиренца.

- Оглас -

Најнови вести