Дуелот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Портланд беше во знакот на Коби Брајант. Тоа беше прв меч на Лејкерс по смртта на легендарниот Коби. Пред средбата, Лејкерс направи моеморијална вечер посветена на Брајант, а говор одржа и Леброн Џејмс.
Непосредно по завршување на целата таа церемонија посветена на Коби, неговата жена Ванеса реши да испрати порака преку својот Инстаграм профил. Таа испрати фотографија со поглед кон небото и две срца во пурпурна и жолта боја наменети за Коби и 13-годишната Џиџи.
Лејкерс на крајот го загуби дуелот со Портланд.