Додека трае Мундијалот во Катар, Чави го врбува суперталентираниот Бразилец да потпише за Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез јавно призна дека сака да го донесе на „Камп Ноу“ суперталентираниот Бразилец, Филипе Ендрик.

Ендрик е 16-годишен напаѓач на Палмеирас кој се смета за еден од најголеми во Бразил во последните две децении и се наоѓа на мета на сите европски гиганти.

Прв кој направи конкретен чекор беше Реал Мадрид, претседателот на Кралевите, Флорентино Перез, разговарал со челниците на Палмеирас и им понудил да ја плати отштетата уште сега и да го остави Ендрик во наредните две години во Бразил бидејќи сè уште нема 18 години.

Чави денеска откри дека и тој контактирал со фудбалерот и неговите родители со цел да ги убедат да ја изберат Барселона.

„Да, точно е дека зборубавме со Ендрик и неговиот татко. Ги запознав со нашиот проект. Сакаме на „Камп Ноу“ да ги имаме талентите како што е Ендрик и сигурен сум дека би се вклопил во системот игра на Барселона. Се надевам дека ќе ја избере Барселона“, изјави Чави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести