Дојде редот да се освежи левата бековска позиција

Откако го обезбеди потписот на Ашраф Хакими, Интер сега ќе ја освежува левата бековска позиција, а Антонио Конте најде засилување во поранешниот клуб Челзи. Нероаѕурите се пуштија во акција да ги обезбедат услугите на Емерсон Палмиери, играчот кој беше меѓу последните засилувања на Конте додека ги предводеше Сините.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер ќе издвои 30 милиони евра за ексиграчот на Рома, кој оваа сезона го загуби местото на стартер кај Френк Лампард. Тој би бил следниот во низата засилувања на Интер од Премиер лигата, откако Лукаку, Ериксен, Јанг, па и Санчес се покажаа како добри зделки.

На Емерсон му се предвидуваше преселба со оглед на тоа дека Челзи е во потрага по нов лев бек, па така на Интер му е отворен патот до потписот на Бразилецот со италијански пасош. Емерсон оваа сезона одигра вкупно 19 меча со скромен учинок од една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести