Доказ дека нема фаворити: Наполи со играч повеќе загуби на свој терен од Специја!

Наполи продолжува со слабите игри во првенството откако вечерва на свој терен загуби од Специја со 1:2. Домаќините беа апсолутни фаворити пред мечот, но Специја покажа дека чудо може да се случи.

По првото полувреме немаше голови, а откако Наполи поведе со голот на Петања во 58 минута, делуваше дека домаќините нема да имаат проблем да ги освојат трите бода. Сепак, само 10 минути подоцна беше досуден пенал за гостите и Специја со погодокот на Нзола израмни на 1:1.

Во 76 минута во игра кај Наполи влезе Елиф Елмас, а домаќините тргнаа во офанзива. тоа го искористија гостите и во 82 минута Побега успеа да ги „смрзне“ фаворитите погодувајќи за 2:1 за Специја. Елмас имаше една добра шанса за 2:2, но шутираше над голот, а Наполи до крајот не успеа барем да се спаси од пораз.

За тимот од југот на Италија ова е трет пораз во последните пет кола, во кои избраниците на Џенаро Гатузо вкупно имаат освоено само четири бодови.

- Оглас -

Најнови вести