Доктор за обложување – За 20 денари маестрален тикет со три пара, донесе добивка од 390.000 денари

Во Sport Life конкуренцијата на одлични обложувачи, особено во последните неколку месеци е голема, имаше неверојатни тикети и огромни добивки, а од вчера имаме уште еден кандидат за тикет на годината.

Во уплатното место на Sport Life во Драчево блесна обложувач со фантастичен тикет само со три натпревари, сите погодени со играта ГГ1&ГГ2, и тоа со огромен коефициент од 19.500.

Уплатениот тикет е на скромни 20 денари, а бруто-добивката е огромна и изнесува 390.000 денари, или нето околу 5.400 евра.

СЕКОГАШ Е ПОСЕБЕН МЕРАК КОГА ЌЕ СЕ ПОГОДАТ КОЕФИЦИЕНТИ ОД 25 ДО 30

Играта ГГ1&ГГ2 е една од најтешките бидејќи за добивка ви требаат голови од двете екипи во двете полувремиња, а токму таков беше случајот на три натпревари од Јужна Америка.

Авантурата почна на полноќ, а најавата за добитен тикет беше во бразилската Ц лига на дуелот меѓу Крисиума и Ипиранга. Коефициентот за голеада, или како што е одиграно во Драчево со Гол-Гол во двете полувремиња, беше со коефициент 26.

Шоуто почна веднаш со три гола на домаќините во првите 10 минути, а најважен беше погодокот на Лусини за Ипиранга за намалување на 3:1. Првиот услов е фатен, се чекаа голови на двете страни во второто полувреме, а за одличен почеток на фантастичниот тикет се погрижија Нето и Квеироз со голови во 50-тата минута за Ипиранга и во 75-тата за Крисиума.

Мечот заврши со 8 гола, нерешено 4:4, а во меѓувреме од 1 часот по полноќ, Депортиво Тахира и Монагас во Венецуела веќе постигнаа по еден гол, на полувремето беше 2:1 за домаќините, па се наѕираше добитен тикет со огромни коефициенти и супер добивка.

Двете екипи од Венецуела чекаа до самиот финиш, а од 83-тата до 86-тата минута повторно имаше по еден гол на двете страни за конечен резултат од 3:2 и втор заокружен пар на тикетот уплатен во Sport Life.

За непроспиена ноќ, но и за многу радост во Драчево се погрижија фудбалерите на Петролера и Милионариос во купот на Колумбија. По првото полувреме беше 1:1, на крајот 2:2, што значеше и супер добитен тикет со уплата од 20 денари и фантастична добивка во Sport Life од 5.400 евра.

- Оглас -

Најнови вести