„Докторот“ Роси си игра мајтап со Икарди и Ванда

Славниот мотоциклист Валентино Роси и неговата девојка Франческа Софија Новело, одлучија на еден карневал (фестивал кој се одржува 40 дена пред Велигден) да се појават облечени како Мауро Икарди, фудбалерот на Интер, и неговата жена Ванда Нара.

Деветкратниот светски првак е познат како голем фан на Интер, често може да се забележи на трибините на „Џузепе Меаца“ кога игра неговиот омилен тим, па не му е проблем да облече дрес на „нераѕурите“ со името на Икарди на грбот. Тој мораше да направи корекција на фризурата и да облече ракав за на раката да има тетоважи како Икарди. Поголема трансформација требаше да направи неговата преубава девојка Франческа Софија, која има црна коса и воопшто не личи на Ванда.

Очигледно дека возачот на Јамаха одлично се забавува и добро е расположен во пресрет на новата сезона во Мото ГП, која стартува следниот викенд со трка во Катар.

- Оглас -

Најнови вести