Интер се прошета на „Олимпико“, шанса да дебитира во Серија А доби тинејџер

Интер без поголеми проблеми го победи Лацио во Рим со 3-0 и со тоа му испрати порака пред следниот меѓусебен дуел кој ќе го имаат истотака на „Олимпико“ веќе за четири дена, на 13-ти мај, во финалето на Купот на Италија.

Убедливото водство на Интер кој имаше и човек повеќе по исклучувањето на капитенот на лацијалите Ромањоли, тренерот Киву одлучи во 80-та минута на терен  да го уфрли Матија Москони, момче кое пред два месеци наполни 19 години и дебитираше за првиот тим на Интер во Серија А. Москони имаше и шанса да постигне гол, но топката за малку отиде над пречката.

- Оглас -

Најнови вести