Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (18:30 ч.)
Пред две недели Манчестер се радуваше на Олд Трафорд против Волците, но во Купот. Домаќините ќе сакаат реприза на тој меч, но тоа е и единствена победа на Црвените ѓаволи во последните шест средби со овој ривал, а во тој период никогаш немало повеќе од три погодоци.
Ако се погледнат резултатите на Манчестер, на девет од последните 10 меча во сите натпреварувања било НГ (едниот тим да не даде гол).
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.68)
Лајпциг – Борусија Менхенгладбах (18:30 ч.)
Дуел на двете екипи кои покажаа дека може да бидат конкуренти на Баерн Минхен за титулата. Лајпциг со победа сигурно ќе остане лидер во Бундес лигата, додека Борусија со три бода ќе излезе пред денешниот ривал.
Лајпциг е докажан по својата офанзивна игра, а домаќините ќе треба да покажат дека го пребродиле и скандалот со фризурите. Борусија на гости ретко дава, но и тешко прима голови, а Лајпциг е во низа од пет победи по ред пред своите навивачи во првенството.
Традицијата е многу на страна на Лајпциг, бидејќи во последните последните седум меча, имаат пет победи и две реми без ниту еден пораз од Борусија Менхенгладбах.
Предлог тип: 1&3+ (2.08)
Мајорка – Валјадолид (18:30 ч.)
Двете екипи ќе слават на крајот од сезоната ако се спасат од испаѓање. Моментно се на последните две скалила од сигурната зона. Мајорка од досега освоените 18 бода, дури 17 се на домашен терен. Тоа доволно кажува дека тимот е посебно мотивиран и со самодоверба кога е пред своите фанови.
Валјадолид е противник кој секако може да се победи, а посебен поттик за Мајорка треба да биде последната победа над Валенсија од 4:1.
Предлог тип: 1 (2.30)
Трабзонспор – Фенербахче (18 ч.)
Домаќините имаат два бода повеќе од Фенер и реално може да се надеваат во трка за титулата. Двете екипи се во добра форма и имаат по четири победи во последните пет кола. Кога сезонава Трабзонспор игра дома, во просек паѓаат по речиси 4 гола.
Традицијата покажува дека последните шест меча се со гол-гол ситуација (двата тима погодуваат барем по еднаш). За тоа колку се неизвесни овие средби е податокот дека на тие шест меча, дури пет пати било нерешено, па воопшто нема да биде изненадување ако повторно нема победник.
Предлог тип: Х (3.50)
Калјари – Парма (18 ч.)
Ако се знае дека двете екипи имаат по 31 бодови, колку што има и Милан, доволно кажува дека се квалитетни. Калјари поминува низ криза затоа што на последните седум меча во Серија А има освоено само три бода (три реми и четири порази).
За Парма проблем преставува долгиот список на играчи кои се жалат на повреди и ќе биде тешко гостите да го состават најдобриот тим. Ова е меч на кој домаќините се во предност и фактот дека ривалот нема да биде во комплетен состав, дава надеж на Калјари дека ќе се израдува за прв пат во 2020 година.
Предлог тип: 1 (1.97)