Домаќините испаднаа од СП, Литванија го доби дербито против Црна Гора

Светското кошаркарско првенство остана без репрезентациите домаќини бидејќи попладнево тие и официјално се елиминирани. Еден од домаќините, Индонезија, воопшто не ни играше на Светското првенство бидејќи не ги мина квалификациите, а Јапонија и Филипините испаднаа уште во првата фаза откако загубија од Австралија, односно Италија.

Австралија со убедливи 109-89 беше поуспешна од Јапонија, додека Италија тесно, со 90-83 беше поуспешна од Филипините.

Во најинтересниот дуел во денешната програма, репрезентација на Литванија го доби мечот за првата позиција во групата против Црна Гора со убедливи 91-71. Јокубаитис и Вучевиќ со по 19 поени беа најефикасни на мечот.

Последниот дуел од денешната програма го доби репрезентацијата на Канада, која со 101-75 беше поуспешна од Летонија за прво место во нивната група.

- Оглас -

Најнови вести