Домаќините ќе доминираат во квалификациите од Конференциската лига

6717 Погон Шчечин – КР Рејкјавик (18.00 часот)

Иако Полска нема лош рејтинг на ФИФА-листата, сепак полски клуб игра во оваа прва фаза од квалификациите во Конференциската лига. Погон е голем фаворит во дуелот со Исланѓаните, но и гостите имаат една предност, што се во натпреварувачки ритам. Последниот официјален меч на Погон беше на 21 мај. КР игра редовно во првенството и Купот на Исланд, кои се во тек, но не е во добра форма. Погон на свој терен многу често и дава и прима гол. Победникот од овој двобој оди на данскиот Брондби во следното коло.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.59)

 

6045 КуПС – Дила Гори (18.00 часот)

Финците се фаворити и дома ќе се потрудат да направат резултат кој ќе им донесе помирен реванш. КуПС дома нема загубено од 5 март наваму, додека Дила Гори доби само две од последните десет гостувања во грузиската лига. Во следното квалификациско коло, КуПС или Дила Гори ќе игра со Паневежис од Литванија или Милсами од Молдавија, па тоа е шанса и мотив за овие екипи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

6719 Ружомберок – Кауно Жалгирис (18.30 часот)

Словаците не би требало да киксираат против Кауно Жалгирис, тим кој во моментов е шести во литванската лига која е во тек. Ружомберок кој во минатата сезона беше втор во словачкото првенство, од 21 мај наваму нема играно официјален меч, а ги загуби последните две контроли. Кауно има серија од три меч по ред со 0-2 гола, прилично тешко прима голови во литванската лига.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.77)

 

6721 Олимпија Љубљана – Диферданж (19.00 часот)

Во Олимпија е хаос по смената на тренерот Просинечки, навивачите се незадоволни и овој меч со тимот од Луксембург доаѓа во незгодно време за Змејовите. Двата тима одиграа 0-0 на последните пријателски средби и тоа не најавува многу голови. Сепак, Олимпија е фаворит на хартија и типуваме дека ќе го најде патот до победата.

Предлог тип: 1-1 (1.94)

 

6723 Шкендија – Арарат (20.00 часот)

Тетовци во Скопје ќе го пречекаат ерменскиот претставник. Квотата за победа на Шкендија е добра и треба да се искористи. Арарат нема играно уште од 28 мај, не се знае што може да се очекува од нив. Шкендија летово направи доста измени во составот, па и на гостите ќе им биде тешко да го скаутираат македонскиот претставник.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести