Домаќините максимално успешни (Видео)

Екипите на Милвоки и Хјустон немаа милост во дуелите против Деторит и Јута, па победија со повеќе од 30 разлика во првите мечеви од плејофот во НБА-лигата.

Во Хјустон, Џејмс Харден имаше 29 поени и 10 асистенции, а „ракетите“ со 122:90 ја победија Јута. Освен Харден, сите петмина стартери на домаќините имаа двоцифрен број поени. Во најголемиот дел од мечот Хјустон имаше двоцифрена предност, но во средината на третата четвртина Јута успеа да намали на пет разлика. Сепак, да нема никакви изненадувања, домаќинот се погрижи со одлична игра во последната четвртина, која ја доби со 39:19 и на крајот стигна до убедлива победа.

Ако Хјустон последната четвртина ја доби со 20 поени предност, Милвоки против Детроит тоа го направи уште во првата четвртина. По првите 12 минути, Бакси поведоа со 38:18, а разликата потоа константно се зголемуваше. Домаќините максимум водеа со 43 поени, а на крајот Деторит си замина со пораз од 35 разлика.

Најнеизвесно беше во Портланд, каде што домаќините само за пет поени ја победија Оклахома. И на овој меч, домаќините на стартот покажаа дека се подобри и стигнаа до предност од 39:25, па до крајот не му дозволија на противникот да се понадева дека може да направи брејк во првиот меч од серијата подобар во пет меча.

Резултати: Портланд – Оклахома 104:99, Милвоки – Детроит 121:86, Хјустон – Јута 122:90.

- Оглас -

Најнови вести