Домаќинот на СП 2022 влегува во европските квалификации?

Фудбалската репрезентација на земјата домаќин на Светското првенство кое треба да се одржи во 2022 година наводно ќе се приклучи на евроквалификациите за Мундијалот.

Катар ќе игра под палката на УЕФА, но нема да биде првпат оваа репрезентација да учествува во натпреварување надвор од Азиската фудбалска федерација.

Според најавите, националниот тим на Катар ќе биде вклучен во квалифкациската група А, каде што се наоѓа европскиот првак Португалија, Ирска, Србија, Луксембург и Азербејџан. Сепак, останува отворена опцијата Катар да биде сместен во некоја од групите Б, Д и Е.

Катар инаку учествуваше на завршниот турнир на Копа Америка во 2019 година, се очекува повторно да биде дел од јужноамериканскиот шампионат во 2021 година, а исто така ќе се натпреварува во КОНКАКАФ Голд купот.

- Оглас -

Најнови вести