Дон Карло има статус на жива легенда – Единствен тренер е со четири титули во Лигата на шампионите (Фото)

Карло Анчелоти е најтрофејниот тренер во Лигата на шампионите и вечерва по триумфот со 1:0 на Реал Мадрид против Ливерпул по четврти пат предводеше тим до европскиот трон.

Италијанецот има по две титули во Лигата на шампионите со Милан и со Реал Мадрид.

Со Росонерите го креваше пехарот во сезоните 2002/03 и 2006/07, а со Кралскиот клуб од Мадрид беше на тронот во сезоната 2013/14 и сега.

https://twitter.com/Squawka/status/1530663305567686658?s=20&t=SqP4xrbM-tieNU6jCUItvg

Анчелоти има и едно загубено финале во 2004/05 со Милан против Ливерпул во Истанбул, а и како играч го освојуваше најзначајниот клупски пехар во Европа и тоа со Милан во 1989 иво 1990 година, што го прави еден од најтрофејните во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести