Доналд Трамп со порака: Пуштете гo Иран да игра на Светско првенство

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека Светското првенство кое ќе започне за нешто повеќе од еден месец треба да биде место за обединување и потврди дека репрезентацијата на Иран ќе биде дел од завршницата.

„Причината е мнгоу едноставна, мораме да се обединиме. Мора да ги спојуваме луѓето, тоа е моја одговорност, наша одговорност. Фудбалот го обединува спортот, ФИФА го обединува спортот“, рече Инфантино.

По овој говор на Инфантино, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп рече дека се согласува со Инфантино.

„Ако Инфантино го рекол тоа, јас се согласувам со тоа. Пуштете ги да играат“, рече Трамп.

Иран е во воен конфликт со САД, но најави дека е подготвен да дојде токму во САД, земјата која заедно со Канада и Мексико ќе бидат домаќини на планетарниот собир.

Иран ќе биде во група против Белгија, Египет и Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести