Донарума има само пофалби за Винисиус: „Тој е шампион, заслужува да биде почитуван“

И покрај разочарувањето од новиот пораз од Реал Мадрид, голманот на Манчестер сити, Џанлуиџи Донарума, најде зборови на пофалба за Винисиус.

„Винисиус е шампион и треба да биде сакан и почитуван од сите. Одигра два одлични натпревари“, изјави Донарума.

Сепак, Винисиус не пропушти да им врати на навивачите на Манчестер сити откако својот гол го прослави имитирајќи плачење. Подоцна ја објасни својата реакција:

„Фудбалот е долг и секогаш ти дава втора шанса. Минатата сезона тие ме провоцираа, па затоа денес славев на овој начин“, изјави Бразилецот.

Да потсетиме, пред една година навивачите на Манчестер сити го провоцираа Бразилецот по доделувањето на Златната топка на Родри, кој го победи токму Винисиус во изборот.

Тогаш тие истакнаа транспарент со порака „Престани да плачеш од срце“, инспирирана од песна на групата Оазис, со цел да му се потсмеваат за пропуштената награда.

- Оглас -

Најнови вести