Донарума ја честеше Сампдорија, после киксот би пропаднал во земја (Видео)

Дали недоволно загреан или целосно несконцентриран, голманот на Милан, Џиџи Донарума, во 33-тата секунда од гостувањето кај Сампдорија, направи грешка која скапо ги чинеше „росонерите“ и загубија со 0-1 од ривалот со кој се тркаат за места кои носат излез во Европа.

Подарокот од Донарума го искористи Грегоар Дефрел. За Милан ова е втор пораз по ред, а голот кој го прими после само 33 секунди игра, е еден од најбрзите во неговата историја.

Погледнете го голот на тимот од Џенова:

- Оглас -

Најнови вести