Донарума ќе слави рекорден јубилеј во дербито на Милано

Џанлуиџи Донарума, голманот на Милан, утре ќе оствари рекорден јубилеј во градското дерби против Интер.

Голманот на Аѕурите со самото појавување на теренот на „Сан Сиро“, ќе го запише својот 200-ти лигашки настап за Милан, со кој ќе стане најмлад играч во историјата на италијанскиот фудбал кој стигнал до јубилејниот број на настапи во првенството.

Со само 21 години и 136 дена, Донарума ќе биде апсолутен рекордер. ВО досета 199 лигашки настапи, Донарума 69 пати ја има сочувано мрежата, а дозволил 211 погодоци во својот гол.

Дербито Милан – Интер е предивдено за утре во 15 часот.

- Оглас -

Најнови вести