Донарума му се нуди на Алегри, сака да брани за Јувентус!

Објавата на познатиот новинар Џанлука Ди Марцио на Инстаграм, дека Масимилијано Алегри се договорил повторно да седне на клупата на Јувентус, доби многу лајкови од навивачи на Јуве, но во тоа море од допаѓања, се издвојуваат две, оние на Леонардо Бонучи и на Џанлуиџи Донарума.

Репрезентативниот голман на Италија, Донарума, го напушта Милан, и уште е без клуб, и затоа неговиот лајк може да значи дека тој му дава сигнал на Алегри да побара од управата на клубот да го купи Џиџи. Досегашниот втор голман на Јувентус, легендата Џанлуиџи Буфон, објави заминување од клубот, па има испразнето место за чувар на мрежа кој би се борел со Војчех Шчесни за „единицата“.

Инаку, Старата дама уште нема официјално објавено дека ја прекинува соработката со тренерот Андреа Пирло, но тоа се очекува да се случи наскоро, по што треба да биде објавено и името на новиот тренер, кој речиси сигурно ќе биде Алегри.

- Оглас -

Најнови вести