Дончиќ доби лекција од Богдановиќ (Видео)

Хрватскиот интернационалец во редовите на Јута џез, Бојан Богдановиќ одигра одличен меч и беше најзаслужен за победа на Џезерите во дуелот против Далас маверикс од 120:101. Богдановиќ имаше шутерско шоу и на крајот заврши со 32 поени како прв стрелец на средбата.

На спротивната страна Лука Дончиќ даде 25 поени за Далас, но младиот Словенец сепак не можеше да му парира на поискусниот Балканец од спротивната страна, кој погоди седум тројки. Јута уште во првата четвртина стигна до плус 26 поени (37:11) и до крајот на средбата одржуваше двоцифрена предност.

Дуото Харден-Ирвинг повторно беше незадржливо и тоа е знак за нова победа на Бруклин. Мрежичките дадоа дури 147 поени за убедлив триумф на гостувањето кај Оклахома од 22 поени разлика. Харден беше незадржлив и повторно имаше трипл-дабл со 25 поени, 11 скока и 10 асистенции. Ирвинг исто така даде 25 поени.

https://youtu.be/SYwAWqZDMcc

Резултати: Шарлот – Индијана 108:105, Вашингтон – Атланта 100:116, Њу Орлеанс – Милвоки 131:126, Њујорк – Кливленд 102:81, Торонто – Сакраменто 124:126, Минесота – Филаделфија 94:118, Оклахома – Бруклин 125:147, Орландо – ЛА клиперс 90:116, Сан Антонио – Денвер 119:109, Јута – Далас 120:101.

- Оглас -

Најнови вести