Дончиќ е феномен – Израмни два рекорди, и тоа на легендарните Коби Брајант и Мајкл Џордан (ФОТО)

Лука Дончиќ е кошаркарско чудо и веќе нема потреба толку да се зборува. Словенецот постигна 45 поени, но неговиот тим Далас маверикс тргна со пораз во полуфиналната пчејоф-серија на Западот против Феникс санс, и тоа од 121:114.

Словенечкиот кошаркар покрај уфрлените 45 поени, имаше и 12 скока, со што стана вториот најмлад кошаркар по Коби Брајант со ваков учинок по 2001 година.

А за тоа колку е талентиран и колку има знаење, говори и податокот дека во досегашниот тек од плејофот, Лука бележи по 33,4 поени по натпревар, идентично колку и легендарниот Мајкл Џордан. Тие се единствените двајца кошаркари во историјата на НБА-лигата коишто во плејофот бележат по повеќе од 30 поени по меч во просек.

Вториот меч од оваа серија се игра за два дена, каде што исто така домаќин ќе биде Феникс.

Мајами хит, пак, со 106:92 ја совлада Филаделфија 76-ерс и поведе во полуфиналната серија на Истокот. Гостите беа без Џоел Ембид, па затоа и поради тоа постигнаа мал број поени.

Тајлер Хиро беше најефикасен кај победничкиот тим со 25 поени, а вториот меч исто така се игра за два дена.

- Оглас -

Најнови вести