Дончиќ и дружината добија шампионски пречек во Словенија (Видео)

Кошаркарската репрезентација на Словенија за малку не освои медал на Летните олимписки игри во Токио и на крајот заврши на четвртото место. Словенците одиграа фантастично во текот на целиот турнир и само за еден поен не успеаа да се пласираат во финалето, кога загубија од Франција со 90:89.

Разочарани од поразот во полуфиналето, Словенците не успеаа сили да одиграат победнички и во дуелот за третото место, па загубија и од Австралија, за да на крајот завршат четврти и останат без медал. Иако не освоија медал, Лука Дончиќ и дружината на враќањето во Словенија добија фантастичен пречек.

Неколку илјади навивачи се собраа за да ги поздрават кошаркарите кои им донесоа многу радост во иминативе денови.

- Оглас -

Најнови вести