Дончиќ ја повтори финтата која пред речиси 30 години Дражен Петровиќ му ја „продаде“ на Хаким Олајџувон (Видео)

Далас на гости со 120:112 го победи Кливленд во меч на кој вообичаено блеската Лука Дончиќ. Словенецот даде 35 поени од кои дури 22 му беа во второто полувреме. Освен тоа, Лука имаше и 13 асистенции и девет скока, што значи дека му фалеше само уште еден скок за нов трипл-дабл.

Потегот на мечот, Дончиќ го направи против Мосес Браун, а финтата по која беше постигнат кошот, потсети на легендарниот Дражен Петровиќ од пред три децении.

Во далечната 1993 година на 24 јануари, Петровиќ го одигра можеби најдобриот меч во НБА кариерата. Петровиќ во дресот на Њу Џерски нетс, Петровиќ даде 44 поени во победата над Хјустон од 100:83, а посебно внимание привлече потегот направен проитв еден од најдобрите кошаркари во тоа време, Хаким Олајџувон. Едноставно Олајџувон не знаеше каде е топката, а Петровиќ лесно погоди.

За жал, неколку месеци подоцна, Петровиќ загина во сообраќајна несреќа, но секако неговите потези уште долго ќе се памтат.

- Оглас -

Најнови вести