Дончиќ незапирлив за Клиперс, Лејкерс и Бруклин покажаа зошто се фаворити (Видео)

Далас маверикс поведе со 2-0 против Клиперс, откако и по вторпат победи во Лос Анџелес, овојпат со 127-121. Јунак средбата беше Лука Дончиќ со 39 поени, од кои 35 му беа постигнати во првите три четвртини. Лука имаше и по седум скока и асистенции, Кај Клиперс одлучен беше Каваи Ленард со 41 поен, тој во првото полувреме уфрли дури 30 поени. Сега серијата се сели во Далас каде се играат следните два меча.

За разлика од Клиперс, другиот тим од Лос Анџелес, Лејкерс, покажа шампионски карактер и славеше во Феникс за изедначување на 1-1. Езерџиите победија со 109-102. Ентони Дејвис со 33 и Леброн Џејмс со 23 поени, беа најзаслужни за триумфот. Кај Санс, Девин Букер даде 31 поен, а проблем за нив беше повредата на Крис Пол кој имаше лимитирана минутажа.

Бруклин нетс не му даде шанса на Бостон селтикс да помисли на изненадување, и го совлада со 130-108, во вториот меч од нивната серија на Истокот. Мрежичките лесно дојдоа до 2-0 и покажаа дека се тим од кој сите треба да се плашат. Џо Херис изненади со 25 поени, што е уште пострашно за противниците, бидејќи очигледно дека во Бруклин не се опасни само Дурант, Харден и Ирвинг кои одмораа во последните седум и пол минути од меч, туку треба да се пазите од сите.

Ова е атрактивното забивање на Дончиќ, со кое Лука на Клиперс им покажа дека ова е негова вечер:

- Оглас -

Најнови вести