Дончиќ повторно ги даде клучните поени за победа

Лука Дончиќ и дефинитивно не изгледа како да е дебитант во НБА-лигата. Словенецот, кој уште е тинејџер, едноставно е незадржлив. Дончиќ беше вистински предводник на Далас во победата против Њу Орлеанс од 122:119. Мечот се решаваше во последните 30 секунди.

При резултат 119:119, Дончиќ беше фаулиран и ги погоди двете слободни фрлања. Потоа гостите не реализираа напад, па следуваше нов фаул над Словенецот. На 11,7 секунди до крајот, Лука го погоди првото, но го промаши второто слободно (прво промашено по 11 погодени), па гостите имаа шанса да стигнат до продолжение.

Сепак ,ударот на Дејвис за три поени беше непрецизен, а Дончиќ со дефанзивен скок го заврши мечот, па на крајот неговата статистика покажуваше 21 поен, 10 асистенции и девет скока. Де Андре Џордан додаде 20 поени за победничкиот тим, додека Ентони Дејвис беше најефикасен кај гостите, но не го погоди последниот удар за тројка, за израмнување.

https://youtu.be/yyWZGQW-9qc

Торонто губеше со 69:53 во третата четвртина на гостувањето кај Мајами, но на крајот успеа да победи со 106:104. Во неизвесна завршница, Грин погоди тројка на 22 секунди до крајот, а потоа домаќините имаа три шанси за израмнување или победа, но двапати не погоди Вејд и еднаш Винслоу.

Резултати: Детроит – Вашингтон 106:95, Орландо – Феникс 120:122 по продолжение, Атланта – Индијана 121:129, Бруклин – Шарлот 134:132 по продолжение, Мајами – Торонто 104:106, Чикаго – Минесота 94:119, Мемфис – Кливленд 95:87, Далас – Њу Орлеанс 122:119, Сан Антонио – Денвер 111:103, ЛА клиперс – Сакраменто 127:118.

- Оглас -

Најнови вести