Дончиќ утна шут за победа, секунда претходно Букер му покажа како се прави тоа (Видео)

Феникс санс и Далас маверикс го одиграа најинтересниот натпревар во НБА-лигата синоќа, а средбата се решаваше во последните две секунди. Дивите телиња имаа предност од 108-106, но Девин Букер погоди тројка на 1,5 секунди до крајот. Оваа тројка се покажа како победничка бидејќи Сонцата не погодија во последниот напад. Инаку, за Феникс добро одигра Крис Пол со 34 поени, 9 скока и 9 асистенции, но сепак Букер му ја украде славата со победничката тројка.

Екипата на Далас не успеа да изгради чиста позиција за завршен шут, па Лука Дончиќ од тешка позиција се обиде за тројка и не погоди, топката се одби од обрачот. За Маверикс ова е шести пораз по ред.

Хјустон рокетс на гостувањето кај Оклахома сити даде дури 28 тројки, што е нов клупски рекорд на Ракетите, кои имаат серија од шест победи по ред. Малик Монк од Шарлот хорнетс даде 36 поени и тоа е негов личен рекорд и најмногу поени за еден резервист сезонава во НБА.

- Оглас -

Најнови вести