Дортмунд во синот на Ел Чоло ја најде замената за Халер

Борусија Дортмунд го договара ангажманот на Џовани Симеоне, напаѓачот на Верона. Аргентинскиот голгетер треба да биде привремена замена за Себастијан Халер, новата ѕвезда на Милионерите која моментално се рехабилитира од рак на тестисите и е во процес на хемотерапија.

Џовани веројатно ќе биде позајмен во следната сезона, но нема да биде изненадување доколку Дортмунд се одлучи целосно да го откупи неговиот договор од калчолигашот. Минатата сезона беше најдобра во кариерата на Симеоне, со 17 гола во Калчото и пет асистенции, по што го привлече интересот од Јувентус, Наполи, но и шпанска Севилја.

Најстариот од синовите на Диего Симеоне сепак, е блиску до „Сигнал Идуна парк“ и Бундеслигата како следна дестинација.

- Оглас -

Најнови вести