Дортмунд е „зицерот“ за денес, Пјонтек нема да му прости на Киево

Борусија Дортмунд – Штутгарт (15:30 часот)

„Милионерите“ повеќе немаат право на кикс, Баерн демне од позадина и чека момент да ја преземе лидерската позиција во Бундеслигата. Елиминацијата од Тотенхем треба да значи дека фудбалерите на Лусиен Фавр ќе се фокусираат на домашното првенство, а имаат убава шанса да се опорават против екипа која се бори за опстанок.

Штутгарт лесно го совладоа при првата овосезонска пресметка, Дортмунд беше неприкосновен како гостин со конечни 0-4, а се очекува ист таков пристап и денес.

Предлог тип: Т1 1+I & T1 3+ (2.45)

 

Атлетико Мадрид – Леганес (16:15 часот)

Леганес секогаш игра добро против екипи кои се при врвот во Шпанија, но во поново време никако не им лежи тимот кој го води Диего Симеоне. Атлетико триумфираше во три од последните пет меѓусебни пресметки, додека два меча завршија без победник, а „јорганџиите“ треба да го искористат овој меч како загревање за реваншот со Јувентус во ЛШ. Лошо е што Симеоне не може да смета на суспендираните Годин и Коке, како и на повредените Лукас Ернандес и Диего Коста.

Предлог тип: 1+I & 1+II (2.05)

 

Киево – Милан (20:30 часот)

Ретко кој претпоставуваше дека „росонерите“ можат за брзо да се опорават сезонава и да се наметнат во трката за местата кои водат во Лигата на шампионите, но ете, избраниците на Џенаро Гатузо секој меч се подобруваат, а за успехот голем придонес имаат и зимските засилувања Пјонтек и Пакета.

Милан бележи учинок од пет победи и две ремија на последните седум меча во Серија А, додека против Киево негуваат долга традиција. Гигантот од Милано последен пат претрпе пораз во 2005 година од „летечките магариња“, а се чини дека и по овој меч таа традиција ќе продолжи.

Предлог тип: X2 & 3+ (2.25)

 

Саутхемптон – Тотенхем (16 часот)

Маурисио Покетино се враќа на стадионот каде ја започна англиската авантура, а како тренер на Тотенхем само два пати издвојувал триумф на „Сент Мери“ против поранешниот Саутхемптон. Победата во Борусија треба да значи дека мини-кризата заврши во редовите на тимот од северен Лондон, а по два порази и реми во Премиер лигата, Тотенхем сега мора се врати на прав пат.

Предлог тип: 2 & T2 2+ (2.35)

 

Mонако – Бордо (20 часот)

Жирондинците гостуваат во Кнежевството со нов тренер и надеж дека конечно по три години ќе слават на „Луј Втори“. Бордо воедно ќе може да оствари двоен триумф над Монако, но францускиот првак од сезоната 2016/17 постепено го поправа својот учинок откако на клупата сео врати Леонардо Жардим, и веќе пет меча се без пораз.

Искусниот Глик поради суспензија ќе го пропушти мечот, што значи дека Монако ќе биде ослабен во одбраната, а ќе се види дали Бордо може да го искористи тоа.

Предлог тип: ГГ3+ (2.50)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести