Дортмунд прокоцка водство од 2-0, толку од шампионската трка во Бундеслигата

Борусија Дортмунд издвои само реми на гостувањето кај Вердер Бремен при конечни 2-2. Изрбаниците на Лусиен Фавр прокоцнаа двојна предност и воедно ставија крај на надежите за шампионската титула во Германија со новиот кикс. Претходно Баерн славеше против Хановер, па на две кола до крајот на првенството германскиот првак е на чекор од одбрана на титулата бидејќи имаат четири бода предност.

Пулишиќ во шестата и Алкасер во 41-та минута му донесоа на Дортмунд удобно водство, но играчите кои влегоа од клупа за Вердер беа креатори на израмнувањето. Пицаро и Мохвалд влегоа во 60-тата минута,  а головите ги постигнаа во рок од 15 минути за конечни 2-2.

Во претпоследното 33-то коло, Баерн со победа на гости кај Лајпциг ќе ја завери титулата, без разлика на конечниот исход од мечот меѓу Дортмунд и Фортуна Дизелдорф.

- Оглас -

Најнови вести